Петрова: Прво ребаланс на Буџетот, па исплата на средствата за „Мој ДДВ“

Исплатата на парите од „Мој ДДВ“ за второто тримесечје нема да започне пред да биде усвоен ребалансот на Буџетот за 2024 година, бидејќи во сегашниот буџет на УЈП не се предвидени средства за исплата. Затоа е неопходно да има ребаланс пред да започне исплата на парите за второто тримесечје, порача денеска директорката на Управата за […]

Нова даночна стратегија во Црна Гора: зголемување на ДДВ за книгите, билетите за театар, музеи, кино…

Со новата фискална стратегија на Црна Гора се предвидува зголемување на стапката на ДДВ од седум на 15 отсто за издавање на книгите и на дневните и периодичните печатени изданија. Со зголемувањето на данокот цените на книгите ќе се зголемат за осум отсто, пренесува „Мина“. Во повеќето европски држави во Европската Унија издавањето на книги […]

Во Стопанската комора на СМ презентирани резултатите од истражувањето „Биоотпадот во С. Македонија – мапирање на проблемот и изнаоѓање решенија“

Во организација на Асоцијацијата на биогасни централи и производители на биомаса во рамките на Стопанската комора на Северна Македонија, како дел од проектната активност во соработка со Програмата заголемување на пазарната вработливост – ИМЕ финансирана од Владата на Швајцарија, a имплементиранa од групацијата Palladium International LLC, се одржа работилница на тема „Биоотпадот во С. Македонија […]

Во првите 100 дена од мандатот ќе се врати електронското закажување за поднесување барања за документи, најави Андоновски

Наскоро ќе бидат вратени во функција сервисите за електронско закажување и добивање документи преку порталот uslugi.gov.mk, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Не прецизира кога, но очекува да биде во првите 100 дена од мандатот. Електронското поднесување на барањата за документи во МВР извесен период е прекинато и со министерот за внатрешни работи Панче […]

Унгарската опозиција има нов лидер. Што треба да знаете за Петер Маѓар?

Еден скандал за контроверзно помилување на човек кој му помогнал на педофил предизвика драма во унгарското општество и во политиката. Железното владеење на Виктор Орбан почна да покажува пукнатини. Центарот на оваа политичка драма е човек кој, до неодамна, беше дел од системот на владејачката партија Фидес и поранешен сопруг на поранешниот моќен министер за […]

Пожарот над Пехчево се поблиску до првите куќи, Китански апелира населението да се вклучи во гаснењето

Градоначалникот на Пехчево Александар Китански денеска, преку својот фејсбук профил, апелира населението да се вклучи во гаснењето на пожарот кој стигна над градот Пехчево. Пожарот денеска повторно избувна над селото Негрево и носен од ветрот се шири во правец на градот. Во моментот, како што информира Китански од терен, сите инволвирани во гаснењето на пожарот […]

Во САД половина од возрасните работоспособни лица имаат ограничено познавање на англискиот јазик

Во САД во последните две децении се зголемува бројот на возрасни лица кои имаат ограничени познавања на англискиот јазик и нивото учество достигна 50 отсто. Државните и федералните служби финансираат програми за обука на луѓето со ограничени познавања на јазикот со намера нивното учество да го намали на 40 отсто, покажуваат последните анализи на Институтот […]

Од полноќ поевтинуваат бензините

Од полноќ се намалуваат цените на Еуросупер БС-95 и на Еуросупер БС-98 за половина денар, а на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за еден денар. Согласно новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС – 95 ќе се продава по цена од 81 денар за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од […]

Од 1 август пониски цени за парното за домаќинства и за деловни корисници

Цената на парното греење за домаќинствата во Скопје од 1 август се намалува за 3,16 отсто за корисниците на ЕСМ, за 1,71 отсто за корисниците на топланата Скопје Север и за 0,5 отсто за корисниците на ЕСМ Енергетика. За деловните корисници и училиштата поевтинува за 17,3 отсто кај ЕСМ, за 17,22 кај Скопје Север и […]

Синиша Мали: Директните странски инвестиции во Србија изнесуваат 4,5 милијарди евра во 2023 година!

Во 2023 година вредноста на директните странски инвестиции во Србија изнесува 4,5 милијарди евра, а 60 отсто од сите инвестиции во регионот се однесуваат на Србија, изјави Синиша Мали, српскиот министер за финансии. – Србија стана атрактивна и поконкурентна земја за инвестирање во последните 12 месеци. Ние ги спроведуваме реформите на сите нивоа, ги зголемуваме […]