Водени од одговорноста и од посветеноста на здравјето на заедницата, АЛКАЛОИД донираше средства за дезинфекција на Црвен крст како поддршка за граѓаните на Гостивар, кои се соочуваат со актуелната епидемиолошка ситуација.
Донираните средства ќе бидат наменети за лицата во социјален ризик во домашни услови, како и за потребите на здравствените установи во градот.
Со оваа донација, како дел од својата општествена одговорност, АЛКАЛОИД дава придонес во поддршката на заедницата во моменти кога е тоа најпотребно.








