Актерот Ѓорѓи Јолевски ќе ја добие наградата „23 Октомври“ за 2026 за остварување во областа на културата и уметноста. Оваа државна награда годинава им се доделува и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ-Адамс за остварување во областа на науката.
Државната награда „23 Октомври“ се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Северна Македонија.
Одлуката за добитницита во 2026 ја донесе одборот за доделување на наградата под претседателство на проф. д-р Митко Панов.
Наградата на лауреатите ќе им биде врачена на 23 октомври во 11 часот во Собранието на Република Северна Македонија.
Извор МИА
Фото Економија и бизнис








