Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп планира да воведе забрана за увоз на нови кинески роботи и енергетски инвертори, со цел да се заштити американскиот развој на вештачката интелигенција и клучните индустрии од, како што наведоа американските претставници, безбедносни ризици, објави денес Ројтерс во ексклузивен извештај.
Федералната комисија за комуникации на САД (FCC) треба да објави мерки за забрана на увоз на нови кинески хуманоидни и четвороножни роботи, како и поврзани енергетски инвертори што овозможуваат обновливи извори на енергија и батерии да се поврзат со електрични мрежи и опрема на центри за податоци.
Американски функционер, кој не сакаше да биде именуван, рече дека Соединетите Американски Држави мора да имаат „независни и безбедни синџири на снабдување“ за критични технологии како роботски уреди и инвертори.
Американските претставници стравуваат дека кинеските роботи би можеле да се користат за собирање податоци од клучните индустрии или да го нарушат нивното работење, пренесува Данас.
Фото Економија и бизнис








