Бизнис
МАКЕДОНИЈА БЕЛЕЖИ ПАД НА ИЗВОЗОТ ВО ПЕРИОДОТ ЈАНУАРИ-МАРТ 2025 ГОДИНА
07.05.2025
Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – март 2025 година, изнесува 118 762.5 милиони денари и бележи пад од 0,1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – март 2025 година, изнесува 170 724.8 милиони денари, што е за 1,2 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика.
Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.
Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.
Во периодот јануари – март 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина, кои учествуваат со 47,3 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 60,1 % во вкупната размена.
Главни поенти
Извоз јануари – март 2025 година во однос на јануари – март 2024 година
118 762.5 милиони денари: -0.12 %
1 928.6 милиони евра: -0.04 %
2 031.1 милион САД долари: -3.02 %
Увоз јануари – март 2025 година во однос на јануари – март 2024 година
170 724.8 милиони денари: +1.20 %
2 772.6 милиони евра: +1.28 %
2 916.9 милиони САД долари: -1.84 %
фото freepic