ДОБРА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ – КОМПАНИЈАТА ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ЗА 2025 ГОДИНА

Исплатата на дивиденда за 2025 година ќе се изврши до 30.9.2026 година.

Собранието на анкционери на Друштвото ја одобрува исплатата на дивиденда за 2025 година во вкупен бруто износ од 2.494.931.182,00 денари (две милијарди четиристотини деведесет и четири милиони деветстотини тресет и една илјада и сто осумдесет и два денари) кој согласно Одлуката за распоредување на нето добивката на Друштвото за 2025 година претставува нето добивката остварена по Финансиските извештаи на Друштвото за 2025 година во согласност со усвоените меѓународни стандарди за финансиско известување објавени во “Службен весник на Република Северна Македонија” наменета за исплата на бруто дивиденда.

Бруто износот на дивиденда по акција е 28,93 денари (дваесет и осум денари и деведесет и три дени, заокружено на две децимали).

Друштвото, од бруто износот на дивиденда, доколку е применливо, при исплатата ќе ги задржи и уплати сите даноци, согласно важечката даночна регулатива во Република Северна Македонија на датумот на исплата.

Датумот на пресек на акционерска книга според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда за 2025 година е 3.7.2026 година.

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2025 година е 1.7.2026 година.

Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2025 година е 2.7.2026 година.

Исплатата на дивиденда за 2025 година ќе се изврши до 30.9.2026 година.

Повеќе од истиот автор

Најчитано