Oд почетокот на конфликтот во Иран до 6 април 2026 година, просечната цена на бензинот се зголемила за 1,11 долари за галон. Во меѓувреме, цената на дизелот се зголемила за 1,75 долари за галон, според американската Администрација за енергетски информации (EIA),
Оваа разлика во растот на цената на бензинот и дизелот е важна, бидејќи дизелот е основа на транспортот и логистиката, зголемувајќи ги инфлациските притисоци низ целата економија.
Истите трендови на раст на цената на горивата се појавија по војната во Украина. Сега, тензиите на Блискиот Исток го нарушуваат сообраќајот на танкери низ Ормускиот теснец.
Причината е структурна по природа, бидејќи дизелот зазема централно место во глобалната економија.
Залихите на дизел и масло за греење имаат тенденција да бидат пониски од залихите на бензин. И на почетокот на 2022 година и за време на поновите нарушувања на пазарот, залихите веќе беа под нормалните сезонски нивоа пред да се јави новиот геополитичкиот шок.
Од друга страна, бензинот има поголем капацитет за складирање, полокализирано производство и појасни сезонски модели на побарувачка. Кога понудата е намалена, дизелот обично е првиот што ги чуствува промените на цените. Бензинот е главно регионален производ се рафинира и троши на истиот пазар.
Дизелот е гориво на глобалната трговија: ги движи бродовите, камионите, возовите и тешката машинерија што транспортира стока преку границите. Затоа цените на дизелот се тесно поврзани со глобалните трговски текови, објави Форбс Србија.
Глобалниот пазар на нафта утрово забележа силен раст по нова ескалација на тензиите на Блискиот Исток, при што цените на двете главни референтни суровини значително се зголемија.
Американската нафта од типот „Западен Тексас Интермедијар“ порасна за 4,06 проценти и достигна 96,73 долари за барел, додека „Брент“ од Северното Море се зголеми за 3,62 проценти, на 105,63 долари за барел.
Фото Економија и бизнис





