Page 5 - ris 06 2023
P. 5

ОПШТЕСТВО





        сериозна закана за рисот, која донекаде е
        производ на споменатите фактори. Тоа е
        размножувањето во блиско сродство (ин-
        бридинг) кај рисот. Токму поради малиот
        број полово зрели единки и долготрајна-
        та  „притеснетост“  на  мала  територија,
        балканскиот рис има осиромашен генски
        фонд кој, на долг рок, може да се покаже
        како фатален за целокупната популација.

             Дали имате интеракција со нив и спо-
        ред вашата евиденција колку се на број?

          Александар  Павлов:  Како  што  споме-
        нав, рисот во природата е реткост. И ние,
        кои  сме  често  во  природа,  можеме  да
        им  позавидиме  на  оние  кои  виделе  рис   Траги од Рис во снег
        со свои очи. Според тоа, не можеме баш
        да зборуваме за „интеракција“ со рисот.
        Нашиот контакт со рисот е само низ на-
        учно-истражувачката  работа,  честопати
        преку фотографиите од камерите или со
        единките во кафез-замка. На почетоците
        од проектот рисот беше енигма, но потоа
        согледавме  дека  животното  не  е  мит  и
        дека  неговиот  опстанок  е  загрозен.  Тоа,
        освен на споменатите закани, се долже-
        ше и на предрасудите кои ги имаа луѓето
        кон ова, за нив, непознато животно. Но,
        благодарение на долгогодишната конти-
        нуирана работа и соработката со мешта-
        ни,  носители  на  одлуки,  љубители  на
        природата, ловџии, ренџери, ловочувари
        и со младите, успеавме да ја поправиме
        искривената слика за рисот. Згора на тоа,
        популацијата на рисот забележа првичен
        благ пораст и еден општ тренд на стаби-
        лизација. Но, ова е само привидно повол-
        на  состојба.  Нашата  процена  е  дека  во
        Македонија има околу 40 единки. Во дру-
        гите  земји  –  Албанија  и  Косово  –  бројот
        е многу помал. Значи, и покрај досегаш-
        ните успеси, нам ни претстои уште борба
        бидејќи балканскиот рис сè уште е на раб   Заловување на Рис
        на исчезнување!
                                                фондации.  Овие  фондации  за  водилка
             На кој начин успевате да го финанси-  имаат  визија  и  мисија  сродни  со  тие  на
        рате вашиот проект?                     МЕД, каде што се става акцент на зашти-
                                                тата на природата и на начелото на одр-
          Александар Павлов: Во сиве 17 години   жливост.
        посветена работа на заштитата на рисот
        (од  кои  активно  сум  вклучен  6  години),   фотографиите од фотозамките екслузив-
        проектот  се  финансира  преку  странски       но се направени за Економија и бизнис

    82                           јуни 2023
   1   2   3   4   5