Page 3 - ris 06 2023
P. 3
ОПШТЕСТВО
услугите што произлегуваат од нив.
Да се навратам на рисот. Ако ова ре-
тко животно го ставиме во едно такво
холистичко поимање на нештата, ќе со-
гледаме дека тој игра важна еколошка
улога во природата. Како предатор што
се наоѓа на врвот на синџирот на исхрана
(апекс-предатор), рисот е и регулатор. Ло-
вејќи плен (срна, дивокоза, зајак итн.), тој
опортунистички ги напаѓа слабите, бо-
лежливи единки и со тоа врши селекција
во полза на посилните и поздравите кои
ќе остават потомство. Значи, сите видови
треба да се чуваат бидејќи си имаат свој
удел, своја „нишка“ во природата.
Како го проучувате рисот?
Александар Павлов: Со оглед дека Фотозамка на терен
балканскиот рис е ноќно активно, но и
мошне таинствено и ретко животно, не-
говото проучување претставува вистин-
ски предизвик за секој теренски биолог.
За таа цел најчесто користиме т.н. фото-
замки, односно камери кои се активира-
ат на движење и температурни промени.
Фотозамките ги поставуваме во шума –
природното живеалиште на рисот, и тоа
на врвици, патеки и шумски патишта кои
ги користи рисот дури талка по плен и
по партнер за парење. Овие уреди се ка-
муфлирани и тивки, па дивите животни
(вклучително и рисот) не се вознемиру-
ваат. Така стекнуваме веродостојни по-
датоци за актуелната состојба на терен.
Уште еден метод кој го користиме се ка-
фез-замките со кои се заловуваат живи Монтирање кафез-замка
единки. Целта е на единките да се стават
GPS-огламници со што, преку радиотеле-
метрија, тие ќе се следат во време и прос- лика собираме и примерок од изметот на
тор. Стекнатите податоци се од непро- рисот бидејќи таму се содржат вредни
ценлива вредност и тие ни ги збогатуваат информации за неговата исхрана и генет-
сознанијата за однесувањето и потребите ската состојба.
на најголемата мачка на Балканот. Попат-
но, при заловување, се проверува и здрав- Каде го има рисот и што го загрозува?
ствената состојба на животното и се зема
примерок од крв и влакна. На тој начин Александар Павлов: Балканскиот рис,
собираме вреден генетски материјал кој за жал, е во незавидна состојба на зачу-
ќе ни овозможи во иднина подобар увид ваност. Според Меѓународната унија за
во генетиката на балканскиот рис. Исто зачувување на природата (IUCN), ова жи-
така ние бараме траги од рис во снег и вотно е рангирано како критично загро-
така потврдуваме дали тој е присутен во зено бидејќи се проценува дека во при-
едно подрачје. Секогаш кога имаме при- родата постојат помалку од 50 возрасни
80 јуни 2023

