Page 96 - maj 2020
P. 96
СВЕТ
ектот за иднината на европа, каде што
француско - германското партнерство,
сега без британскиот непријатен здив,
треба да им овозможи да ги скројат но-
вите односи и распределба на политичка
моќ на континентот. слично како и кај
британците, двоецот мм ќе мора да сми-
сли нова стратегија за да се прилагоди на
новата нормала по ковид-19.
и на крајот, без разлика на последи-
ците, на ограничувањата, на предизвици-
те, на потешкотиите, на условите – избо-
рите за претседател на сад ќе се одржат
во ноември, и тоа на трети ноември, како
и секогаш – во вторник. овој политички
спектакл кој требаше да го коментираме
со жештината на оние спортски комента-
(фото: https://www.gannett-cdn.com/)
тори на американскиот фудбал или нба,
сепак, не го издржа притисокот од панде-
мијата и не само што излезе од фокусот
на јавноста, туку и суштински пандемија-
та влијаеше на политичкиот тек на сами-
те избори. имено, стравот и препораките
за социјално дистанцирање предизвикаа
огромен пад на излезноста кај демократ-
ските „прајмарис“ за што се поставува
дилемата и за вистинската волја на гласа-
чите. соочувајќи се со овој предизвик, но
и со неколкуте порази во низа, сенаторот
од вермонт, иако имаше одличен старт,
се доведе во непријатна ситуација да се
бори за секој гласач да излезе на избори,
а во исто време да повикува на следење
на препораките и социјално дистанци-
рање. Па така, берни сандерс се откажа
(фото: https://www.gannett-cdn.com/)
од трката оставајќи му празен простор и
доволно време на Џо бајден да се подгот-
ви за судирот со доналд трамп во ноем-
ври.
а на таа страна доналд трамп бук-
вално секојдневно ја окупира јавноста не
дозволувајќи пад на политичките „врте-
жи“ во ниеден момент. всушност, имајќи
го предвид габаритот на доналд трамп,
тоа е веројатно единствената константа
која не претрпе промена под влијание-
то на пандемијата. Јавноста во сад, сега
веќе навикната и веројатно навлечена
на политичкиот волунтаризам на трамп,
секојдневно е во очекување на нови спек-
такли, слично на оние „риалити шоу“
програми, какви што и самиот ги произ-
ведуваше. трамп ги испука речиси сите
(фото: https://www.gannett-cdn.com/)
96 мај 2020

