Page 3 - 2025 09 2023
P. 3

КВАРТАЛЕН ЕКОНОМСКИ МОНИТОР − ПРОЕКЦИИ ЗА КВ. 2 ОД 2023 Г.















         Лична потрошувачка:
         Графиконот број 6 ги прикажува промените заклучно со
         вториот квартал од 2023 година кај кредитната активност
         на банкарскиот сектор во Република Македонија. Се забе-
         лежува поголема промена, односно пад на интензитетот
         на кредитирање и во вториот квартал од 2023 година. Со-
         гласно  податоците  на  Народната  банка,  кредитирањето
         на приватниот сектор во анализираниот период продол-    Графикон број 6: Кредитирање на приватен
         жи да расте, но со стапка од 5,4 % на годишна основа,           сектор, годишни стапки на промена
         што претставува најнизок раст во последните 7 квартали.
         Мерките на НБРМ за забавување на кредитниот раст пре-
         ку пораст на основната каматна стапка продолжува уме-
         рено да влијае врз кредитирањето на приватниот сектор.
         Истовремено  солиден  раст  забележаа  и  депозитите  на
         граѓаните.
         Сепак, подеталната анализа на буџетските приходи упату-
         ва дека тие за првите 6 месеци од 2023 година забележаа
         раст од 12,8 %, додека трошоците за живот за првите 6
         месеци  забележаа  раст  од  13,1  %,  односно  буџетските
         приходи се пониски од стапката на инфлација.
         Ваквата анализа упатува на неутрален придонес на лич-
         ната  потрошувачка  во  БДП  за  вториот  квартал  од  2023
         година.
         Бруто-инвестиции:  Високофреквентните  податоци  за
         бруто-инвестициите  во  вториот  квартал  од  2023  година      Извор: Народна Банка на Република Северна Македонија
         упатуваат  на  позитивни  движења.  Имено,  долгорочните
         кредити на претпријатијата забележаа раст од 5 %, доде-
         ка значаен  пораст забележуваат  капиталните инвестиции
         во државниот буџет. Дополнително увозот на машини и на
         транспортни уреди забележа солиден раст. Ваквите пода-
         тоци упатуваат на позитивен придонес на бруто-инвести-
         циите во БДП.



          Фискалната политика – предизвик за периодот што сле-  Кај тековните расходи, поголем пораст забележаа расхо-
          дува                                             дите за камати (30 %), трансферите кон Фондот за пензи-
          Според  официјалните  податоци  на  Министерството  за   ско и инвалидско осигурување, како и расходите за плати
                                                           (9 %).
          финансии,  буџетските  приходи  во  периодот  јануари  −   Ваквите движења придонесоа за голем пораст на буџет-
          јуни забележуваат раст од 12,8 %, а во услови на пораст   скиот дефицит (128 % пораст во однос на истиот период
          на трошоците за живот од 13,1 %, односно порастот на   од минатата година), односно за шест месеци потрошени
          приходите не ја следи ниту стапката на инфлација.    се 55 % од средствата планирани за буџетски дефицит.
          Притоа даночните приходи забележаа раст од скромни   Следниов  период  фискалната  политика  ќе  биде  голем
          5,5 %, додека социјалните придонеси забележаа поголем   предизвик за Владата. Имено, согласно објавените по-
          раст од 20,7 % (придонесите за ПИОМ забележаа раст од   литики, платите во јавниот сектор од 1 септември 2023
          20,6 %).                                         година ќе се зголемат за 10 %, додека се очекува Владата
          Кај  даночните  приходи  карактеритичен  е  нултиот  раст   да попушти и пред големиот притисок на пензионерите.
          кај  приходите  по  основ  на  бруто  ДДВ  (-0,3  %),  што  ги   Од друга страна, стапката на ДДВ за електрична енергија
          вклучува мерките на Владата за намалување на цените   и за некои основни прехранбени производи се враќа на
          на прехранбените производи и повластената стапка за   старото ниво (18 %).
          електричната енергија.                           Сепак, во третиот квартал или на почетокот од четвртиот
          Истовремено  расходите  во  Буџетот  забележаа  раст  од   квартал неопходен ќе биде ребаланс на Буџетот со кој ќе
          22%  при  што  раст  забележаа  како  тековните  расходи   треба да се обезбедат дополнителни средства.
          (12,5 %) така и капиталните расходи (156 %).


    76                           септември 2023
   1   2   3