Page 2 - 2025 09 2023
P. 2

КВАРТАЛЕН ЕКОНОМСКИ МОНИТОР − ПРОЕКЦИИ ЗА КВ. 2 ОД 2023 Г.






               Градежништво:  Извршените  градежни  работи  во  пери-
               одот април − мај 2023 година забележаа реален пад од
               30 % во однос на истиот период од претходната година,
               што упатува на заклучок дека и покрај двоцифрениот раст
               кај  градежништвото  во  првиот  квартал  од  2023  година,
               повисок придонес од овој сектор во растот на македон-  Графикон број 3: Извршени градежни работи,
                                                                                     годишни стапки на промена
               ската економија не може да се очекува. Ваквите движења
               се  должат  на  високиот  пад  кај  двете  компоненти  (висо-
               коградба -25 % и нискоградба -35 %).
               Од друга страна, податоците за извршувањето на Буџетот
               во вториот квартал од 2023 година укажуваат дека сос-
               тојбата  со  капиталните  расходи  се  подобрува.  Имено,
               капиталните расходи во вториот квартал од 2023 година
               забележуваат раст од 460 % во однос на истиот период
               од минатата година. Капиталните трошоци се зголемени
               како резултат на исплатата кон Јавното претпријатие за
               државни  патишта  (ЈПДП)  за  изградба  на  автопатите  од
               коридорите 8 и 10, но тие сè уште немаат влијание врз
               градeжниот сектор затоа што градежните активности сè
               уште не се започнати. Се очекува штом започнат градеж-                     Извор: Државен завод за статистика
               ните активности на споменатите коридори, придонесот на
               градежниот сектор да биде позитивен.
               Ваквите податоци укажуваат дека градежништвото ќе има
               негативен придонес кон растот на БДП во вториот квартал
               од 2023 година.

               Туризам: Како што може да се забележи од графиконот   Графикон број 4: Основни податоци за туризам,
                                                                                     годишни стапки на промена
               број 4, туризмот во вториот квартал од 2023 година пов-
               торно бележи високи стапки на раст. Бројот на туристи
               забележа раст од 25 %, додека повисок е растот кај бројот
               на  ноќевања  (38  %).    Споредбата  со  преткризното  ниво
               (пред воената и здравствена светска криза) упатува дека
               во  анализираниот  период  се  достигнати  84  %  од  ноќе-
               вањата и 92 % од бројот на туристи во вториот квартал
               од 2023 година (споредено со вториот квартал од 2019
               година).
               Имајќи ги предвид сите овие податоци, се очекува  овој
               сектор да има  позитивен придонес во растот на БДП за
               вториот квартал од 2023 година.
                                                                                           Извор: Државен завод за статистика
               Расходна страна:
               Надворешно-трговска размена: Извозот на стоки во втори-
               от квартал од 2023 година забележа номинален пад од 1,5%   Графикон број 5: Надворешно-трговска размена,
               во споредба со истиот период од минатата година, додека               годишни стапки на промена
               увозот на стоки забележа пад од -11,4 %. Движењата на це-
               ните на светските берзи претставува основна причина за па-
               дот кај извозот и увозот. Притоа намалувањето кај извозот
               во најголем дел се должи на падот кај извозот на железо и
               на челик, на суровините и на месото, додека забавувањето
               на растот на увозот пред сè е резултат на понискиот увоз на
               електрична енергија и на нафта, како и на умереното забаву-
               вање на личната потрошувачка.
               Цените на електричната енергија во вториот квартал од 2023
               година се стабилизирани за разлика од истиот период од
               минатата година кога достигнаа ниво од над 1 000 евра за
               мегават час на унгарската берза.
               Имајќи го предвид поголемиот пад на увозот од падот на из-
               возот (како и поголемиот количински пад на увозот), очекува-              Извор: Државен завод за статистика
               ме придонесот на нето-извозот да биде позитивен за вториот
               квартал од 2023 година.


                                                                             септември 2023                       75
   1   2   3