Page 1 - 2025 09 2023
P. 1
КВАРТАЛЕН ЕКОНОМСКИ МОНИТОР − ПРОЕКЦИИ ЗА КВ. 2 ОД 2023 Г.
Македонија 2025 прогнозира: Растот на БДП во кв. 2 од 2023 г. ќе биде меѓу 0,5 % и 2,5 %
Според последните високофреквентни индикатори и досега расположливите податоци,
предвидуваме раст на бруто-домашниот производ меѓу 0,5 % и 2,5 %. Повторно предвидуваме
скромен раст на БДП кој е поттикнат во најголем дел од умерениот раст кај индустријата и
трговијата, додека позначителен негативен придонес забележува градежништвото.
Проекцијата се должи на следниве економски движења во вториот квартал од 2023 година.
Производна страна:
Индустриско производство: Во текот на вториот квартал од Графикон број 1: Индустриско производство,
2023 година, индустриското производство забележа умерен годишни стапки на промена
позитивен раст (2,7 %) што претставува позитивна промена
по три квартали со негативни стапки на раст на БДП. По-
зитивен придонес во растот забележува преработувачката
индустрија, додека рударството во вториот квартал од 2023
година забележа негативна стапка на раст. Кај преработу-
вачката индустрија повисоки стапки на раст забележаа од-
делите производство на машини и моторни возила, односно
производството од индустриските капацитети лоцирани во
технолошките развојни зони. Од друга страна, дел од тра-
диционалните сектори – производството на метали − забе-
лежаа поголем пад. Ваквите случувања се очекувани имајќи
ги предвид движењата на индустриското производство во
европските земји, односно рецесијата во која западнаа дел
од европските економии, како и глобалните предизвици со
кои се соочува светот.
Податоците за индустриското производство укажуваат дека Извор: Државен завод за статистика
секторот индустрија ќе има умерен позитивен придонес во
растот на БДП во вториот квартал од 2023 година.
Трговија: Како што може да се види од графиконот број 2, Графикон број 2: Трговија,
умерено намалување на растот кај трговијата се забеле- годишни стапки на промена
жува во периодот април − мај 2023 година (расположливи
податоци). Имено, вкупната трговија забележува раст од
скромни 6,5 %, што е значително пониско од претходниот
квартал, при што квартално намалување во растот се за-
бележува кај сите три сектори. Најголемо е намалување-
то кај трговијата на мало, додека најмало е кај трговијата
со моторни возила при што прометот со моторни возила
е сè уште на значително пониско ниво во однос на про-
дажбата на моторните возила пред здравствената криза,
односно во 2019 година.
Ваквите податоци од трговијата упатуваат дека овој сек-
тор ќе има мал позитивен придонес во растот на БДП, по-
низок од претходниот квартал. Извор: Државен завод за статистика
74 септември 2023

