Page 1 - 2025 09 2023
P. 1

КВАРТАЛЕН ЕКОНОМСКИ МОНИТОР − ПРОЕКЦИИ ЗА КВ. 2 ОД 2023 Г.




            Македонија 2025 прогнозира: Растот на БДП во кв. 2 од 2023 г. ќе биде меѓу 0,5 % и 2,5 %

        Според  последните  високофреквентни  индикатори  и  досега  расположливите  податоци,
        предвидуваме  раст  на  бруто-домашниот  производ  меѓу  0,5  %  и  2,5  %.  Повторно  предвидуваме
        скромен  раст  на  БДП  кој  е  поттикнат  во  најголем  дел  од  умерениот  раст  кај  индустријата  и
        трговијата, додека позначителен негативен придонес забележува градежништвото.
        Проекцијата се должи на следниве економски движења во вториот квартал од 2023 година.







          Производна страна:
          Индустриско производство: Во текот на вториот квартал од   Графикон број 1: Индустриско производство,
          2023 година, индустриското производство забележа умерен               годишни стапки на промена
          позитивен раст (2,7 %) што претставува позитивна промена
          по три квартали со негативни стапки на раст на БДП. По-
          зитивен придонес во растот забележува преработувачката
          индустрија, додека рударството во вториот квартал од 2023
          година забележа негативна стапка на раст. Кај преработу-
          вачката индустрија повисоки стапки на раст забележаа од-
          делите производство на машини и моторни возила, односно
          производството од индустриските капацитети лоцирани во
          технолошките развојни зони. Од друга страна, дел од тра-
          диционалните сектори – производството на метали − забе-
          лежаа поголем пад. Ваквите случувања се очекувани имајќи
          ги  предвид  движењата  на  индустриското  производство  во
          европските земји, односно рецесијата во која западнаа дел
          од европските економии, како и глобалните предизвици со
          кои се соочува светот.
          Податоците за индустриското производство укажуваат дека                   Извор: Државен завод за статистика
          секторот индустрија ќе има умерен позитивен придонес во
          растот на БДП во вториот квартал од 2023 година.










          Трговија: Како што може да се види од графиконот број 2,               Графикон број 2: Трговија,
          умерено намалување на растот кај трговијата се забеле-                годишни стапки на промена
          жува во периодот април − мај 2023 година (расположливи
          податоци). Имено, вкупната трговија забележува раст од
          скромни 6,5 %, што е значително пониско од претходниот
          квартал, при што квартално намалување во растот се за-
          бележува кај сите три сектори. Најголемо е намалување-
          то кај трговијата на мало, додека најмало е кај трговијата
          со моторни возила при што прометот со моторни возила
          е сè уште на значително пониско ниво во однос на про-
          дажбата на моторните возила пред здравствената криза,
          односно во 2019 година.
          Ваквите податоци од трговијата упатуваат дека овој сек-
          тор ќе има мал позитивен придонес во растот на БДП, по-
          низок од претходниот квартал.                                              Извор: Државен завод за статистика







    74                           септември 2023
   1   2   3