Сопствениците на возилата добиваат код на својот мобилен телефон и на електронската адреса при регистрација на возилото со цел да се избегнат какви било грешки при испраќањето на санкциите од „Безбеден град“ – соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Од МВР ја информираат јавноста дека при регистрација на возилата во станиците за технички преглед или во управните служби, откако сопственикот на возилото на шалтерот на МВР ќе ги остави бројот од својот мобилен телефон и електронската имејл-адреса, на својот мобилен телефон и на електронската имејл-адреса добива порака со код за верификација и потврда дека бројот што го оставил е лично негов.
Оваа измена, како што велат од МВР, е во насока да се избегнат какви било грешки при испраќањето на санкциите од „Безбеден град“, кои и понатаму ќе бидат праќани преку СМС-порака и на имејл-адресата на сторителот на прекршокот.
Фото Економија и бизнис




