Светскиот тренер на CEO-а доаѓа во Скопје: „Лидерите денес имаат вештини, но им недостасува карактер“

Еден од најпознатите светски извршни тренери, Џон Матон, доаѓа во Скопје на 11 јуни со програма за интелигентно лидерство, при што порачува дека најголемиот недостаток кај денешните лидери не се вештините, туку карактерот.

Во ексклузивно интервју за Економија и бизнис, тој објаснува дека современите лидери се компетентни, но тоа не е доволно за долгорочен успех.

„Компетентноста без карактер не е одржлива. Карактерот гради доверба и ја обликува културата“, истакнува тој.

На тренингот во Скопје, учесниците ќе добијат алатки за самосвесност, подобрување на лидерските способности и конкретен план за личен развој.

Дополнително, преку партнерството со Genuine Dynamics, се очекува да се постават нови стандарди за лидерство и бизнис-култура во земјава.


Повеќе од истиот автор

Најчитано