Најуспешните лидери во светот имаат јасност, убеденост и храброст, но нивната најголема слабост често е истата – јазот меѓу тоа како се доживуваат себеси и како ги гледаат другите, вели извршниот тренер Џон Матон
Во ексклузивно интервју за бизнис магазинот Економија и бизнис, Матон посочува дека токму оваа „слепа точка“ станува поопасна како што лидерите напредуваат.
„Тоа што ги донело до врвот – амбиција, интензитет и одлучност – со време може да стане ограничување“, вели тој.
Според него, најдобрите лидери се оние кои свесно работат на самосвесноста и прифаќаат повратни информации, бидејќи без тоа ризикуваат да се оддалечат од луѓето и реалноста.





