Меѓународната агенција за енергија наведува дека падот на потрошувачката на „црното злато“ може да се продолжи поради зголемувањето на цените на нафтените деривати.
„Падот“ на потрошувачката на „црно злато“, кој првпат беше забележан на Блискиот Исток и Азиско-пацифичкиот регион, треба да „се прошири пропорционално на времетраењето на недостигот и растот на цените“, истакнува МАЕ.
Војната на Блискиот Исток предизвика „најголем удар врз снабдувањето со нафта во историјата“, со загуба од 10 милиони барели минатиот месец, со истовремено зголемување на приходите од извоз на руска нафта, кои се дуплираа помеѓу февруари и март, заклучува извештајот на МАЕ, пренесува Политика.
Фото Економија и бизнис






