Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил средба со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, на која станало збор за визијата, развојот и за перспективите на фудбалот.
На средбата, како што напиша премиерот Мицкоски во објава на „Фејсбук“, биле разменети мислења за унапредување на условите за развој на спортот, како и за создавање нови можности за младите фудбалски таленти.
– Продолжуваме со силна посветеност кон создавање услови за напредок, инвестиции и нови можности за младите таленти – истакна Мицкоски.







