„ПРОДОЛЖЕНИОТ КОВИД“ ПРЕДИЗВИКУВА ЕКОНОМСКА ШТЕТА ВО ЕВРОПА ШЕСТ ГОДИНИ ПО ПАНДЕМИЈАТА

Шест години по избувнувањето на пандемијата на коронавирус, нејзините економски последици сè уште се присутни, при што „продолжениот ковид“ го нарушува вработувањето на приближно еден од пет засегнати работници.

Според неодамнешните истражувања, продолжениот ковид би можел да ги чини земјите од ОЕЦД, вклучувајќи ги и 21-те земји-членки на ЕУ, помеѓу 58,54 милијарди и 115,3 милијарди евра годишно во следната деценија.

Покрај длабокото влијание врз индивидуалното здравје и секојдневниот живот, продолжениот ковид е исто така голем товар за здравствените системи и националните економии.

Проекциите до 2035 година покажуваат дека, под оптимистички претпоставки, загубите на БДП би можеле да паднат на занемарливи нивоа, додека пореалните сценарија предвидуваат постојани годишни загуби од 0,1 до 0,2 проценти од БДП. Овие последни бројки се споредливи со целиот годишен буџет за здравство на Холандија или Шпанија.

Според извештајот, директните трошоци за здравствена заштита за борба против оваа болест ќе останат високи барем до 2035 година, изнесувајќи околу 9,5 милијарди евра годишно.

Покрај основните симптоми на продолжениот ковид, инфекцијата со вирусот SARS-CoV-2 го зголемува ризикот од развој на голем број хронични состојби – вклучувајќи кардиоваскуларни заболувања, дијабетес, невролошки оштетувања и автоимуни нарушувања, што дополнително ќе ги оптовари здравствените системи и ќе ги зголеми трошоците во годините што доаѓаат.

Продолжениот ковид продолжува да влијае на милиони луѓе низ целиот свет. Иако се очекува дека во следните 10 години помалку од еден процент од населението на земјите од ЕУ и ОЕЦД ќе страдаат од него, околу 75 милиони луѓе ја имале оваа болест во 2021 година.

Во текот на 2021 година, делови од Источна и Централна Европа беа најпогодени. Таа година, приближно 1,1 милион луѓе во Бугарија, 1,4 милиони во Унгарија и 1,2 милиони во Чешка живееле со продолжен ковид.

Пет години по почетокот на пандемијата, пациентите со продолжен ковид го напуштаат пазарот на трудот, отсуствуваат од работа или се помалку продуктивни поради нарушено здравје. Студиите покажуваат дека продолжениот ковид води до прекин на вработувањето кај приближно еден од пет засегнати работници, пренерсува Еуроњуз Србија.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано