Стопанска банка ќе продолжи да игра клучна улога во економијата, со фокус на зелени инвестиции, инфраструктура и поддршка на компаниите, истакнува директорката Хрисула Кутуди, во мега интервју за Економија и бизнис.
Во услови на глобални економски предизвици, Стопанска банка ја задржува стабилноста и се позиционира како клучен поддржувач на развојот на економијата. Генералната директорка Хрисула Кутуди нагласува дека банката останува фокусирана на одржлив раст и внимателно управување со ризиците.
Како најголеми можности ги издвојува зелените инвестиции, инфраструктурните проекти и дигиталната трансформација на бизнисите, особено малите и средни претпријатија.
Паралелно, банката активно ги интегрира ЕСГ-принципите преку финансирање енергетски ефикасни проекти и поддршка на општествени иницијативи. Целта е, како што вели Кутуди, да се создава вредност не само за клиентите, туку и за целата заедница.






