Европската Унија ќе ги заостри ограничувањата за увоз на челик од земји надвор од блокот за да ја заштити европската челична индустрија, која се бори со евтин увоз, особено од земји како Кина.
Заострувањето на ограничувањата за увоз беше овозможено со договорот постигнат синоќа од претставници на Европскиот парламент и членовите на ЕУ.
Според новите правила, увозот на челик без царина ќе биде ограничен на 18,3 милиони тони годишно, што е намалување од 47 проценти во однос на квотите од 2025 година.
Увозот над таа количина ќе подлежи на царинска давачка од 50 проценти, двојно поголема од сегашната стапка, објавија денеска медиумите во Европа.
Европските производители на челик се под голем притисок од евтиниот челик од земји како Кина, Индија и Турција.
Според Европскиот парламент, изменетиот систем е дизајниран да се спротивстави на глобалното прекумерно производство со квоти за трети земји од ЕУ и да го стабилизира својот пазар.
Фото Економија и бизнис






