Германија со најголем број лица родени во странство, бројот на имигранти во ЕУ достигнал рекордни 64,2 милиони

Бројот имигранти што живеат во Европската Унија достигнал рекордни 64,2 милиони во 2025 година, што претставува зголемување од речиси 2,1 милиони во однос на претходната година – покажува извештај на германскиот Центар за истражување и анализа на миграциите.

Податоците базирани врз статистичките анализи на „Евростат“ и на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации за бегалци укажуваат на значителен долгорочен раст во споредба со 2010 година кога во ЕУ имало приближно 40 милиони имигранти.

Според извештајот, Германија останува земја со најголем број лица родени во странство – речиси 18 милиони луѓе, од кои околу 72 проценти се на работоспособна возраст.

Најбрз раст во последниот период е забележан во Шпанија, каде што бројот на жители родени во странство се зголемил за речиси 700 илјади достигнувајќи 9,5 милиони.

„Германија и понатаму е главна дестинација за миграција во Европа и апсолутно и релативно во однос на вкупното население“, изјави Томасо Фратини, еден од авторите на извештајот.

Податоците покажуваат и нерамномерна распределба на миграцијата во рамките на ЕУ. Малите држави како Луксембург, Малта и Кипар се со највисок удел имигранти во споредбда со вкупното население.

Азилантските барања исто така се концентрирани во неколку земји – Шпанија, Италија, Франција и Германија учествуваат со речиси три четвртини од сите барања. Германија воедно има и најголем број бегалци, приближно 2,7 милиони.


Извор МИА

Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано