САД ЈА ТРОШИ ТРЕТАТА ТРАНША ОД  СТРАТЕШКИТЕ РЕЗЕРВИ НА НАФТА во обид да ги смири цените на горивата

Министерството за енергетика на Соединетите Американски Држави  објави дека позајмило 26,03 милиони барели сурова нафта од Стратешките резерви на нафта (SPR) на девет нафтени компании.

Тоа е третата транша од SPR како дел од обидот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ги ограничи цените на горивата, кои се зголемија од почетокот на американско-израелската војна против Иран.

BP Products North America, ExxonMobil Oil Corp и Marathon Petroleum се меѓу оние на кои им се доделени кредити за Стратешки резерви на нафта, според соопштението на Министерството за енергетика. Цените на нафтата денес нагло паднаа за околу 10 проценти по најавите за ублажување на тензиите поврзани со војната во Иран и нормализирање на сообраќајот низ Ормутскиот теснец.

Цената на нафтата Брент беше на ниво под 90 долари за барел, а американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) на околу 84 долари за барел, објави Trading Economics. Тоа е најниското ниво во последните пет недели, пренесува Еуроњуз Србија.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано