Неизвесноста од продолжувањето на преговорите во Пакистан се пренесува и на нафтените пазари, бидејќи одложените разговори меѓу САД и Иран и предупредувањето на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на огнот го зголемуваат ризикот од обновен конфликт, а цената на суровата нафта од типот Брент потенцијално би можела да скокне на 100 долари за барел, според денешната анализа на пазарот од специјализираниот портал Oilprice.
Според денешниот извештај на Ројтерс, цените на нафтата се искачија над 98 долари на меѓународните пазари, сигнализирајќи сомнежи кај инвеститорите дека САД и Иран ќе ги обезбедат условите за постепена нормализација на транзитот на сурова нафта низ Ормускиот теснец со договор во последен момент.
На лондонскиот пазар, денес во текот на попладнето барел нафта се тргуваше по повисока цена од 2,74 долари за 98,22 долари, во однос на затворањето на тргувањето вчера. На американскиот пазар, барелот беше поскап за 3,89 долари и чинеше 93,50 долари.
Фото Економија и бизнис






