Влијанието на конфликтот на Блискиот Исток веќе се чувствува во Грција, според истражувањето на Грчкиот статистички институт (ЕЛСТАТ), кое покажува скок на инфлацијата од 2,6 проценти на месечна основа и 3,9 проценти на годишна основа. Притисоци се забележани во енергетскиот сектор, каде што цените на горивата забележаа двоцифрено зголемување, објавува „Екатимерини“.
Во споредба со февруари, инфлацијата во транспортот изнесуваше 7,3 проценти.
Промени се забележани кај дизел горивото (24,1 процент), бензинот (11,4 проценти) и другите горива (19,8 проценти).
Цените на авионските билети на месечна основа се зголемија за 26,2 проценти.
Растот на цените на храната продолжи со 0,2 проценти на месечна основа, со зголемување на цените на јогуртот (три проценти), овошјето и зеленчукот (2,2 проценти), додека е забележано намалување на цените на тестенините (3,5 проценти), говедското месо (0,5 проценти), свежата или замрзнатата риба (3,3 проценти) и маслото за јадење (1,6 проценти).
Покрај енергијата, е забележано месечно зголемување на цените на облеката и обувките од 21,9 проценти, што се поврзува со враќањето на цените по зимските распродажби, пренесува Еуроњуз Србија.
Фото Економија и бизнис






