ЗА КЕЛНЕР 1.900 ЕВРА, ЗА ХИГИЕНИЧАРИ 1.200, ЗА ГОТВАЧИ ДО 3.000 ЕВРА,  какви се платите за сезонските работници во Хрватска и Црна Гора

Хотелските компании во Хрватска и Црна Гора почнаа со активностите за склучување на договори за сезонско вработување за претстојната туристичка сезона.  Според проценките, годинава ќе бидат потребни помеѓу 90.000 и 100.000 сезонски работници

Годинава Хрватска ги заострила критериумите и периодот за добивање работна дозвола и според  огласите и понудите, претежно се бараат кандидати со документи од ЕУ.

Најголема побарувачка ова лето има за келнери, готвачи, помошни работници во кујната, хигиеничарки и рецепционери. Во Црна Гора и Хрватска, сезоната трае до пет месеци, а околу 90 проценти од работодавците нудат сместување и оброци за да привлечат работници, а помал дел нудат и еден слободен ден неделно.

Најголем интерес има за сезонско вработување во  Хрватска поради повисоките плати, но поради построгите процедури, се очекува дека повеќето од сезонските работници ќе го поминат летото во Црна Гора.

Платите за сезонските работници во Црна Гора обично се движат од околу 750 до 2.500 евра, во зависност од работните обврски и позицијата. Платите за работници за машини за миење садови и келнери, се движи од околу 750 до 1.200 евра. Помошниците готвачи, рецепционери и чистачки заработуваат од околу 800 до 1.500 евра, готвачите заработуваат до 2.500 евра.

Сезонските работници во Хрватска можат да заработат од околу 1.000 до 3.000 евра.  Келнерите заработуваат од 1.000 до 1.900 евра. Помошниците готвачи имаат плата од 1.200 до 1.800 евра, а за готвачите до 3.000 евра. Хигиеничарките се платени од околу 1.200 до 1.400 евра, пренесуваат медиумите во регионот.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано