СЛЕДНИТЕ НЕДЕЛИ ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА ЌЕ ГО ДОСТИГНАТ ВРВОТ, изјави американскиот министер за енергетика

Американскиот министер за енергетика Крис Рајт изјави дека цените на нафтата ќе останат високи и може да продолжат да растат сè додека не се воспостави сериозен бродски сообраќај низ Ормускиот теснец.

„Веројатно ќе видиме како цените на нафтата ќе достигнат врв во следните неколку недели пред да почнат да паѓаат“, рече Рајт на економски форум во Вашингтон во понеделник, објави денес Би-Би-Си.

Сепак, како што истакна, штом конфликтот заврши и протокот на извори на енергија продолжи, притисокот ќе почне да се намалува, но ќе биде потребно извесно време.

„Колку подолго трае конфликтот, толку подолго ќе траат последиците“, предупреди Рајт.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во неделата дека цените на нафтата и гасот би можеле да останат високи до среднорочните избори во ноември, што е ретко признание за потенцијалните политички последици од неговата одлука да го нападне Иран пред шест недели.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано