ПО НАФТЕНАТА КРИЗА ЕВРОПА СЕ ВРТИ КОН ПОГОЛЕМО КОРИСТЕЊЕ НА Е-АВТОМОБИЛИ, какви државни стимулации се нудат од змејите во ЕУ

Европските земји со години ја поддржуваат продажбата на електрични возила, но најновата енергетска криза дополнително ја истакна важноста на стимулациите за намалување на зависноста од фосилни горива.

Продажбата на електрични автомобили во Европа продолжува да расте, а аналитичарите очекуваат овој тренд дополнително да се забрза поради повисоките цени на горивата, поттикнати од војната во Иран, пишува Еуроњуз.

Поскапиот бензин и дизел ги охрабруваат потрошувачите да размислат да преминат на возила без конвенционални мотори.

Еден од најновите примери е Франција. Втората најголема економија во Европа речиси ќе го удвои својот буџет за електрификација на транспортот, зголемувајќи го од сегашните 5,5 милијарди евра на 10 милијарди евра годишно до 2030 година.

Францускиот премиер Себастијан Лекорну објави дека планот вклучува нови стимулации за купување електрични возила и проширување на мрежата за полнење. Целта е две од три нови регистрирани возила да бидат електрични до 2030 година.

Програмата вклучува и социјален лизинг за 100.000 електрични автомобили наменети за граѓани со пониски приходи и за оние кои секојдневно патуваат на долги растојанија за работа.

Продажбата на електрични возила на батерии веќе силно расте низ Европската Унија. Во текот на 2025 година, тие учествуваа со 17,4 проценти од вкупниот пазар на нови автомобили, додека претходната година овој удел изнесуваше 13,6 проценти.

Во првите два месеци од 2026 година, овој удел дополнително се зголеми на 18,8 проценти, според податоците од Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA).

Новиот геополитички конфликт, имено заедничките напади на САД и Израел врз Иран и одговорот на Техеран, ги потресоа енергетските пазари и повторно го отворија прашањето за зависноста на Европа од увезени извори на енергија.

Според извештајот на ACEA, речиси сите земји-членки на ЕУ нудат некаков вид на даночни олеснувања или финансиски стимулации за купување или поседување електричен автомобил. Шест земји не нудат директни стимулации за купување. Моделите на помош значително се разликуваат од земја до земја.

Меѓу најдарежливите е Италија, која нуди до 11.000 евра поддршка, во зависност од приходот на купувачот и условите за замена на старо возило.

Кипар обезбедува до 9.000 евра за купување возило и до 20.000 евра за одредени групи. Словенија нуди до 7.200 евра, додека Малта обезбедува помеѓу 6.000 и 8.000 евра со дополнителен бонус за старо возило.

Германија обезбедува до 6.000 евра субвенции поврзани со приходите на домаќинството, а Франција до 5.700 евра, во зависност од програмата и приходот.

Шпанија нуди до 4.500 евра за автомобили произведени во Европската Унија, додека Португалија обезбедува максимум 4.000 евра.

Покрај директните субвенции, многу земји нудат и даночни олеснувања при купување и за време на поседување возило.

Норвешка има најсилен систем на олеснувања, иако не е членка на ЕУ. Таму, купувачите на електрични автомобили се целосно ослободени од ДДВ до одреден износ и се ослободени од данок на купување. Како резултат на тоа, електричните автомобили сочинуваа дури 95,9 проценти од пазарот на нови автомобили во 2025 година.

Во рамките на Европската Унија, земји како Бугарија, Кипар, Португалија, Грција и Унгарија имаат нула данок на регистрација и целосно ослободување од одредени годишни такси за електрични возила.

Германија, исто така, им нуди на купувачите десетгодишно ослободување од данок на возила и субвенции за станици за полнење на домовите.

Во Полска се обезбедува стимулации до 40.000 злоти, или околу 9.440 евра, а електричните автомобили се ослободени од акцизи. Според ACEA, оваа програма ги дуплираше регистрациите на BEV возила за само неколку месеци.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано