Кутуди: Стопанска банка влегува во нова фаза на дигитална трансформација

Нова стратегија, инвестиции и ВИ-решенија во фокусот на раководството

Новата генерална директорка на Стопанска банка, Хрисула Кутуди, во мега интервју за Економија и бизнис најавува силен инвестициски циклус и длабока технолошка трансформација на банката, со цел подобро корисничко искуство и одржлив раст.

Стопанска банка влегува во нова развојна фаза, со фокус на дигитализација, иновации и подобрување на услугите за клиентите. Генералната директорка Хрисула Кутуди вели дека банката веќе започнала значаен инвестициски циклус за периодот 2025–2028 година, насочен кон модернизација на системите и развој на нови производи.

Клиентите веќе ги чувствуваат промените преку воведување услуги како SEPA-плаќања, Apple Pay и дигитални алатки за управување со податоци. Следниот чекор е целосна интеграција на дигитални процеси и персонализирани услуги.

Вештачката интелигенција, според Кутуди, ќе игра сè поголема улога, но со внимателен и контролиран пристап. Целта е јасна – модерна банка со 24/7 услуги, подобрено искуство и поголема ефикасност.

Повеќе од истиот автор

Најчитано