Довербата на потрошувачите во Европската Унија и Еврозоната опаѓа од почетокот на војната на Блискиот Исток и моментално е на најниско ниво од декември 2022 година, според прелиминарните податоци од Европската комисија.
Индексот што ја мери довербата на потрошувачите во Европската Унија за април падна за четири поени месечно на минус 19,4 поени, додека во Еврозоната е забележан пад од 4,2 поени на минус 20,6 поени.
И двата индикатори се значително под долгорочниот просек, што укажува на влошување на очекувањата на домаќинствата низ цела Европа.
Довербата на потрошувачите е важен индикатор бидејќи директно влијае на однесувањето на домаќинствата, кога е ниска, граѓаните ги одложуваат купувањата и штедат повеќе, што ја намалува потрошувачката, го забавува работењето на компаниите и негативно влијае на економскиот раст.
Податоците, врз основа на анкети спроведени од 1 до 21 април во сите 27 земји-членки на Европската унија и 21 земја од еврозоната, укажуваат дека потрошувачите стануваат повнимателни поради песимистичките очекувања за иднината.
Европската економија се соочува со влошување на перспективите поради војната на Блискиот Исток, која, според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), ќе го намали растот на Еврозоната за околу 0,5 процентни поени во следните две години, додека во помалку поволен сценарио загубата би можела да достигне 1,7 процентни поени од БДП, изјави минатата недела Алфред Камер, директор на одделот на Фондот за Европа, пренесува Политика.
Фото Економија и бизнис





