Зошто сè повеќе македонски студенти ја избираат британската диплома во Солун на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк?

За многу македонски семејства, изборот на универзитет одамна престана да биде само прашање на академска амбиција. Тоа е прашање на финансиска сигурност, на емоционална блискост, како и на доверба дека нивниот иден студент ќе се стекне со диплома која ќе се валоризира на глобалниот пазар на труд.

За квалитетна британска диплома, семејството морало да биде подготвено да го испрати своето дете илјадници километри далеку, да издржи трошоци од десетици илјади фунти годишно, и да живее со неизвесност што го носи студирањето во далечна земја.

Европскиот кампус на Универзитетот Јорк во Солун ја менува таа состојба. Токму како член на престижната Russell Group, мрежата што обединува 24 од најдобрите универзитети во Обединетото Кралство, и како институција рангирана меѓу топ 8% универзитети во светот според Times Higher Education World University Rankings 2026, од Универзитетот Јорк сега се нудат академски програми со истите стандарди, под истото име, во град кој е оддалечен само три часа возење од Скопје.

Дипломата што ја добива студент од Европскиот кампус на Универзитетот Јорк во Солун е идентична со онаа што ја добива студент од матичниот кампус во Англија. Со повеќе од 35 години искуство во испорака на висококвалитетно образование и со меѓународно акредитирани програми, кампусот ги поставува истите стандарди што ги бараат и водечките европски и британски работодавци.

Понудата на додипломски програми ги покрива клучните дисциплини на современиот пазар на труд: четири специјализирани насоки на Бизнис администрација поточно Менаџмент, Маркетинг, Сметководство и финансии, и Хотелиерство и угостителски менаџмент, како и четири насоки во Компјутерски науки, Општ смер, Вештачка интелигенција и наука за податоци, Бизнис информатика, и Веб-технологии, а исто така и Психологија, Англиски јазик, лингвистика и литература, и Комуникации и дигитални медиуми. Сите програми се изведуваат целосно на англиски јазик и траат четири години.

Во разговор со Јелена, мајка на студент од втора година на бизнис смерот, опишува дека семејното решение го донеле едногласно за студии во Солун.

„Кога син ми првпат ни кажа дека сака да студира бизнис во странство, мојата прва реакција беше со прашалници, од трошоците и оддалеченоста, до стравот дали ќе биде сам во земја каде што немаме никого. Но, кога откривме дека Универзитетот Јорк има свој официјален Европски кампус во Солун, и дека програмата и дипломата се одобрени од Универзитетот од Велика Британија, почувствував огромно олеснување. Одеднаш, сонот за врвно меѓународно образование стана реален и достижен. Денес можам да го посетам речиси секој месец. Знам каде живее, ги запознав неговите професори и лично го видов кампусот и начинот на кој функционира Универзитетот. А најважно од сè, тој добива образование за кое порано само сонувавме, образование какво што до неодамна го поврзувавме исклучиво со најреномираните универзитети во светот.“ истакна Јелена Здравковиќ.

Самите студенти ја гледаат истата приказна од друг агол. Елена Милошевска Јовановска, претставник на Швајцарската програма за промоција на извозот од Македонија (SIPPO), вели дека кога се запишала на EMBA програмата, очекувала квалитетна едукација и нови знаења, но програмата и понудила многу повеќе од тоа. Уште од првите предавања било јасно дека станува збор за искуство кое комбинира академски квалитет, практичен пристап и реални бизнис перспективи од меѓународната сцена.

„Искрено, особено силен впечаток ми оставија професорите и предавачите кои доаѓаат од реномирани интернационални универзитети и компании. Нивните реални искуства, конкретни примери и интерактивниот начин на работа овозможија секое предавање да биде динамично, применливо и инспиративно. Програмата значително придонесе кон унапредување на моите лидерски, стратешки и менаџерски вештини и ми помогна да гледам на деловните предизвици од поширока, меѓународна перспектива.

За мене, една од најголемите вредности на програмата е и можноста за вмрежување и размена на искуства со професионалци од различни земји. Контактите, дискусиите и соработките кои се создаваат помеѓу студентите претставуваат дополнителна вредност што останува и по завршувањето на програмата.“ вели таа.

Покрај квалитетот на наставата и пониските трошоци за живот, и оваа година Европскиот кампус обезбедил стипендии посветени за студенти од Северна Македонија, и за додипломските и за постдипломските програми. Уписите за академската 2026/27 година се веќе отворени. За сите детали околу условите за аплицирање, програмите и можностите за финансиска поддршка, македонските кандидати може да се обратат директно до канцеларијата на Универзитетот Јорк за Македонија, директно на телефонот 02 3064 533, e-mail: northmacedonia@yorkeuropecampus.eu. Сите програми и детали се достапни и на: yorkeuropecampus.eu

Thessaloniki Campus | University of York Europe Campus

Повеќе од истиот автор

Најчитано