ЗОШТО МАЛИТЕ СТАНОВИ СЕ ПОСКАПИ ПО КВАДРАТЕН МЕТАР ВО ОДНОС НА ПОГОЛЕМИТЕ СТАНОВИ?

Гарсониерите се најскапи кога се гледа цената по квадратен метар, додека најголемите станови се најскапи кога се гледа вкупната цена, но тие имаат најниска цена по квадратен метар.

Експертите за недвижности во Србија објаснуваат дека постојат две клучни причини. Првата е што малите станови се финансиски подостапни за поголем број купувачи, па затоа побарувачката е значително поголема.

Друга причина е инвестицијата, а тоа значи гарсониерите и становите со една и пол спална соба се најлесни за изнајмување, но и најбрзи за продажба, поради што имаат поголема пазарна вредност по квадратен метар.

Експертите за недвижности истакнуваат дека гарсониите со една и пол спална соба често се најпосакуваниот избор. Причината е едноставна – тие се доволно функционални за секојдневниот живот, а во исто време претставуваат одлична инвестиција за изнајмување.

Според посредниците за продажба на недвижнсоти, има помалку гарсониери во новите згради. Причината не е недостатокот на интерес, туку урбаните услови што инвеститорите мора да ги исполнат. Мора да се обезбеди паркинг место за секој стан, што често го ограничува бројот на мали станови што можат да се изградат на помали парцели.

Според искуството на агенциите за недвижности од Белград, купувачите се најзаинтересирани за функционални станови со големина помеѓу 40 и 60 квадратни метри. Вакви недвижности купуваат: млади луѓе кои го решаваат своето прво станбено прашање,  родители за деца кои студираат, инвеститори кои сакаат приход од издавање и клиенти со ограничен буџет.

На пазарот на недвижности, дополнителна соба често ја зголемува вредноста на станот многу повеќе отколку што би се очекувало само врз основа на дополнителната квадратура. Купувачите не плаќаат само за поголема површина, туку и за поголема функционалност: посебна спална соба или детска соба, работен простор и поголема приватност.

Според експертските проценки, дополнителна соба може да ја зголеми цената на стан за 20.000 до дури 40.000 евра, а во некои случаи и повеќе.

Разликите во цените меѓу помал и поголем стан во Србија изнесува:  гарсонија од 25 м²  чини околу 75.000 евра, стан со една и пол спална соба од 35 м² – околу 100.000 евра, двособен стан од 42 м² – околу 120.000 евра, двособен стан од 50 м² – од 140.000 до 150.000 евра, трособен стан од 60 м² – од 170.000 до 180.000 евра и трособен или четирисобен стан од 70 м² – од 195.000 до 210.000 евра, пишува Телеграф.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано