Нивото на цените за потрошувачка на домаќинства во земјите од Европската Унија (ЕУ) минатата година значително се разликуваше, движејќи се од 63 до 140 проценти од просекот на Унијата, објави Евростат.
Највисоки нивоа на цени за потрошувачка на домаќинства се забележани во Данска, 140 проценти од просекот на ЕУ, Ирска 136 проценти и Луксембург 132 проценти.
Најниски нивоа се регистрирани во Бугарија, 63 проценти од просекот на ЕУ, Романија 65 проценти и Полска 73 проценти, објавува Бизнис.ба.
Според податоците на Евростат, трошоците за домување, како најголема ставка на потрошувачката на домаќинствата на ниво на ЕУ, биле највисоки во Ирска и изнесувале 190 проценти од просекот на ЕУ, додека најниските биле во Бугарија, 41 процент од просекот.
Цените на храната и безалкохолните пијалоци, вторите најголеми категории на потрошувачка на домаќинствата, најмалку варирале меѓу земјите-членки на ЕУ. Највисоко ниво на цени во таа категорија е забележано во Луксембург, 122 проценти од просекот на ЕУ, а најниско во Романија, 80 проценти.
Најголеми разлики се забележани во областа на образованието, каде што цените се движеа од 334 проценти од просекот на ЕУ во Луксембург до 42 проценти во Романија.
Фото Економија и бизнис







