Жито Лукс одбележува 80 години постоење, јубилеј кој во компанијата го оценуваат како потврда за долга традиција, стабилност и доверба од потрошувачите.
Како што истакнува Димитриос Плакоутсис, во интервју за Економија и бизнис, годишнината не претставува само историски пресек, туку и обврска за иднината – континуирани инвестиции во модерни технологии, развој на нови производи и следење на современите трендови во исхраната.
„Нашата цел е да останеме компанија која ги спојува традицијата и иновацијата, задржувајќи го препознатливиот квалитет и одговарајќи на новите потреби на пазарот“, нагласува тој.
Во Жито Лукс јубилејот го гледаат и како признание за генерации вработени, како и за долгогодишната доверба од потрошувачите и партнерите.
Повеќе детали од интервјуто со Димитриос Плакоутсис, Заменик-претседател на Управниот одбор и
заменик-генерален директор на Жито Лукс АД Скопје прочитајте ТУКА.“








