(ВИДЕО) ЖЕНА ГО СПАСИЛА СОПРУГОТ ДА НЕ „ИЗЛЕТА“ НИЗ СКРШЕН ПРОЗОР ВО АВИОН, ПАТНИК ОД СРБИЈА БИЛ ПОВРЕДЕН НА ЛЕТОТ СОЛУН-МИНХЕН

Српски државјанин  (61 годишен) е повреден за време на летот од аеродромот „Македонија“ во Солун до Минхен, откако прозорецот на авионот се скршил и кабината се декомпресирала, објави „Прототема“.

Авионот кој полетал од Солун за Минхен, безбедно се вратил на аеродромот во Солун, но неколку патници пријавиле повреди.

За време на спуштањето, дел од оштетениот мотор наводно се скршил и удрил во прозорецот на кабината.

Според патникот, откако прозорецот се скршил, дошло до ненадеен пад на притисокот во кабината, а патниците се обиделе да го спречат човекот што седел до оштетениот прозорец да не излета низ отворот.

Повредениот маж, за кој се вели дека е српски државјанин, бил свесен, но во шок и бил однесен со брза помош во болница во Солун. Според грчките медиуми, тој претрпел повреди на вратот и изгореници, веројатно предизвикани од триење.

Според очевидци за Радио Солун, човекот бил речиси до рамената надвор од авионот, но бил спасен од безбедносниот појас, како и од патниците што седеле до него и го влечеле назад.

Четворица патници беа превентивно однесени во болница. Тројца патници беа згрижени и пуштени дома, додека еден остана на понатамошни медицински прегледи, пренесуваат медиумите во Србија.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано