Генералниот директор на Пивара Скопје, Огњен Лазиќ, смета дека зголемувањето на цените не треба да биде првиот одговор на растот на трошоците, туку компаниите најпрво треба да бараат начини за поголема ефикасност и продуктивност.
„Прво треба да погледнеме внатре во компанијата и да најдеме начини да бидеме поефикасни, попродуктивни и порационални во работењето“, вели Лазиќ, во интервјуто за Економија и бизнис
Тој посочува дека Пивара Скопје во изминатите години вложувала во унапредување на процесите, дигитализација и модернизација на работењето.
„Успехот не се мери според тоа колку брзо ќе ги пренесете зголемените трошоци во цената, туку според тоа колку успешно ќе успеете да ја зачувате одржливоста на компанијата, конкурентноста и довербата на потрошувачите“, истакнува Лазиќ.
Целото интервју можете да го прочитате на ЛИНКОТ








