ЗЕЛЕНСКИ СО ПРЕДЛОГ ДО ПУТИН ЗА ДИРЕКТНИ ПРЕГОВОРИ,  претходно Путин изјави дека Русија е подготвена на компромис доколку истото го направи Украина.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски вечерва предложи директна средба со рускиот претседател Владимир Путин за завршување на војната, соопшти кабинетот на Зеленски.

Тој потенцира дека Киев не сака „трајна војна“ и предложи директните преговори да се одржат во трета земја, наведувајќи ги Швајцарија, Турција или арапските земји како можни домаќини. Додека Европа и САД да учествуваат во процесот како гаранти на безбедноста.

– Доста е со војна. Украина предлага да се заврши оваа војна праведно, со достоинство и со гаранции дека нема повторно да се разгори, наведе Зеленски.

Тој предлага и целосен прекин на огнот за време на преговорите, како и размена на сите воени заробеници.

Но, тој и обвини Путин дека речиси половина од своите 26 години на власт ги посветил на водење војна против Украина. Според него се намалуваат руските ресурси, а руските загуби надминуваат 30.000 луѓе, а Москва нема да ги постигне своите воени цели во Украина.

Претходно, Путин изјави дека Русија е подготвена на компромис доколку истото го направи Украина.

– Несомнено сме подготвени и сакаме да постигнеме договор со Украина по мирен пат, врз основа на тоа што го разговаравме за време на нашиот состанок со претседателот Трамп во Анкориџ, посочи Путин.

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп побарал Москва да направи некои компромиси во однос на Украина, додавајќи дека Москва е подготвена да го направи тоа доколку Киев го стори истото.

Тој на средбата со уредниците на светските агенции во Санкт Петербург истакна дека Русија располага со сите неопходни ресурси за да ги постигне воените цели и оти армијата ќе продолжи да напредува во Украина.

– Несомнено сме подготвени и сакаме да постигнеме договор со Украина по мирен пат, врз основа на тоа што го разговаравме за време на нашиот состанок со претседателот Трамп во Анкориџ, посочи Путин.

Тој наведе и дека Европска Унија може да има позитивна улога во убедувањето на Украина да се согласи на компромис. Но, додаде дека Киев не е подготвен за компромис.

Путин посочи и дека Русија е против можноста ЕУ да стане воен блок, додавајќи дека тоа е причина за загриженост.

Рускиот претседател истакна дека Русија е подготвена да ги обнови испораките на гас за Европа и ја повика Германија да донесе одлука за иднината на гасоводот „Северен тек“, кој е сериозно оштетен од експлозии од 2022 година. Тој потенцираше дека обновата на испораките зависи од Берлин.

Путин коментирајќи ги руско-индиските односи, посочи дека тие нема да бидат засегнати од соработката на Њу Делхи со Вашингтон. Тој тврди дека САД се обидуваат да извршат притисок врз Индија, вклучително и за нејзините односи со Москва но, „бескорисно е да се обидува да се изврши притисок врз премиерот Нарендра Моди“.


Извор МИА

Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано