Американските безбедносни служби запленија повеќе од 600 дронови во близина на стадионите и фан-зоните за време на Светското првенство на 11 јуни, соопшти американската Администрација за безбедност на транспортот (TSA).
Според Федералното истражно биро на САД (FBI) и надлежните агенции, дронови се запленети во сите 11 градови домаќини во Соединетите Американски Држави, во зони прогласени за забранети за летање за време на натпревари и јавни собири.
сСпоред ФБИ, 130 дронови се запленети во Мајами и повеќе од 70 во Далас за време на петте одиграни натпревари.
На деновите на натпреварите, сите летови, вклучително и дроновите, се забранети во радиус од три наутички милји околу стадионот, како и до висина од приближно 915 метри, освен ако не се одобрени од контролорите на летање.
Сопствениците на дронови кои ја прекршуваат забраната можат да бидат казнети со парична казна до 100.000 долари и гонети, заедно со конфискација на леталото, соопшти ФБИ.
ФБИ распореди специјални тимови околу стадионот за откривање и онеспособување на неовластени дронови.
Американските власти потсетуваат дека во претходните години имало бројни инциденти со дронови на големи спортски настани, вклучувајќи го и случајот во 2025 година кога еден маж се изјасни за виновен откако со дрон го нарушил заштитениот воздушен простор над натпревар од плејофот на НФЛ во Балтимор, пренесува РТВ.
Фото Економија и бизнис








