Загадувањето на воздухот е добар пример за тоа зошто креирањето политики треба да започне од веродостојни податоци

Загадувањето на воздухот бара комбинација од локални мерки и пошироки институционални промени, оценува шведскиот амбасадор во Северна Македонија, Ола Сулстром, во интервјуто за Економија и бизнис.

„Загадувањето на воздухот е добар пример за тоа зошто креирањето политики треба да започне од веродостојни податоци“, вели Сулстром, посочувајќи дека Шведска преку партнерство со УНДП го поддржува справувањето со загадувањето во Скопје и уште пет општини.

Според него, Кавадарци, Гостивар, Куманово, Струмица и Струга веќе имаат локални планови за квалитет на воздухот, а мерките вклучуваат подобрување на енергетската ефикасност во училиштата, позелени јавни простори и подобро одржување на јавната чистота.

„За почист воздух е потребно повеќе од поединечни проекти. Греењето на домаќинствата, енергетската ефикасност, транспортот, управувањето со отпадот и ефикасното управување во областа на животната средина – сето ова е важно“, додава Сулстром.


Целото интервју можете да го прочитате на следниот ЛИНК

Повеќе од истиот автор

Најчитано