Во Германија не постои законска минимална пензија и нејзината визина зависи од тоа колку е поголем вашиот приход, толку се повисоки придонесите што ги плаќате во законското пензиско осигурување. Овие придонеси одредуваат колку пензиски поени ќе акумулирате.
Македонските работници на „привремена“ работа во Германија, кои заротуваат колку просечната германска бруто плата за една година, ќе добиејат точно еден пензиски поен. За 2025 година, просечната бруто годишна плата е 50.493 евра.
За секој пензиски поен, се доделува таканаречената тековна вредност на пензијата. Од 1 јули 2025 година, оваа вредност ќе биде 40,79 евра, иста за цела Германија.
Месечниот бруто износ на пензијата по пет години работа се пресметува според следната формула:
Бруто пензија = број на поени x фактор на пристап x моментална вредност x фактор на вид на пензија
Доколку сте работеле во Западна Германија пет години, сте имале просечна плата и сте биле задолжително осигурани во пензискиот систем, ќе акумулирате точно пет пензиски поени.
Со моментална вредност на поени од 40,79 евра, месечна бруто пензија би била:
5 x 1 x 40,79 x 1 = 203,95 евра, пренесува Блиц.
Фото Економија и бизнис








