Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека Западниот Балкан сè уште не ја разбрал доволно важноста на меѓусебната соработка.
„Не сум оптимист за брзо членство во ЕУ за ниту еден од нас. Ме сметаа за песимист и претпазлив човек, но очигледно е дека бев во право. Не мислам дека ЕУ ќе може да донесува одлуки за проширување во следните неколку години, но тоа не значи дека не треба брзо да продолжиме по нашиот европски пат – да спроведуваме реформи“, нагласи Вучиќ.
Тој наведува дека е бесмислено Србија да биде членка ако не е и Северна Македонија или Босна и Херцеговина.
„Сè уште немаме слободен проток на луѓе, стоки, капитал и услуги – дури ни овде во регионот. Ние сме испреплетени и повеќето од нас живеевме во заедничка држава. Сепак, не сме се ослободиле од разликите и конфликтите од 1990-тите. Многу е важно да постигнеме секаков вид соработка со другите земји што се на европскиот пат“, заклучува претседателот на Србија, пренесува РТС.
Фото Економија и бизнис








