На 5 октомври во КИЦ Скопје ќе се одржи осмото издание на Vranec World Day, настан посветен на една од најзначајните сорти за македонското винарство.
Годинава на винскиот салон ќе учествуваат дваесеттина винарии. Покрај различните стилови на Вранец, публиката ќе има можност да дегустира и други вина од портфолијата на учесниците.
Програмата ќе започне со официјално отворање од 17:00 до 18:00 часот, наменето за поканети гости, а од 18:00 часот винскиот салон ќе биде отворен за посетители и ќе трае до полноќ.
За музичкиот дел од вечерта ќе се погрижи DJ Марија Јанче, а настанот ќе биде можност на едно место да се запознаат со винариите, винските професионалци и љубителите на виното.
Vranec World Day веќе осма година го става Вранецот во центарот на вниманието, со цел поголема препознатливост на сортата и промоција на македонското вино. Вранецот е длабоко поврзан со винската традиција на Македонија и регионот, а во последните години сè повеќе се наметнува и како сорта со потенцијал за посилно меѓународно позиционирање.
Карти можете да купите на следниот линк:
https://www.vranecworldday.com/ticket/vranec-world-day-2026/
Настанот е во организација на Здружението „Вина од Македонија“.
Vranec World Day 2026, 5 октомври, КИЦ Скопје
Вински салон: 18:00 до 00:00 часот








