ВОЗАЧИТЕ НА КАМИОНИ ОД СРБИЈА ЧЕКААТ ПОВЕЌЕ ОД 40 ЧАСА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ

Возачите на камиони од Србија чекаат во километарски долги редици повеќе од 40 часа за влез во Хрватска. Проблемот го предизвикал новиот царински систем, таканаречениот NCTS 6, кој почна целосно да се имплементира во ЕУ на 1 јуни. Српските возачи на камиони чекаат два дена за да ја преминат границата со Хрватска и да влезат во Европската Унија, а редицата се протегала повеќе од осум километри, дознава Курир.

Кога камионите натоварени со разновидна стока ќе можат да ја преминат границата, никој засега не знае, а причината за најновото запирање не е EES системот, со кој возачите на камиони од Србија се мачат со месеци, туку новиот царински систем NCTS 6, кој не функционираше правилно во Хрватска.

– Проблемот го создаде новиот систем на царината, таканаречениот NCTS 6, кој почна целосно да се имплементира во ЕУ на 1 јуни. Тоа е компјутеризиран, напреден електронски систем, кој се користи за управување со царинскиот транзит на стока, а сите членки на ЕУ, како и земјите што работат и соработуваат со нив, се должни да го применуваат, велат од  Здружението на возачи на камиони 381.

Што е NCTS 6

NCTS 6 е европски дигитален транзитен систем кој ги поврзува земјите-членки на ЕУ и земјите со заеднички транзит. Овозможува следење на движењето на стоката од испратницата до дестинацијата во реално време. Главната новина е воведувањето на комбинирана декларација. Деловните субјекти што превезуваат стока повеќе не мораат одделно да поднесуваат транзитна декларација и влезна сумарна декларација (ENS). Системот ги комбинира сите податоци во една единствена декларација, што го забрзува процесот и ја намалува администрацијата.

Системот не работи два дена, поради што имало огромни гужви на границата. Возачите на камиони не смеат да ги оставаат своите возила натоварени со стока, туку се принудени да седат и да чекаат проблемот да се реши.

– Редовите камиони веќе се протегаат на седум или осум километри. Има луѓе кои чекаат повеќе од 40 часа и прашањето е кога воопшто ќе профункционира, велат српските возачи.

NCTS фаза 6 се користи за управување со царинскиот транзит на стока и ги комбинира транзитната и влезно/излезната збирна декларација во еден документ. Системот е хармонизиран со прописите на Европската Унија и Конвенцијата за заеднички транзит, а е воведен за да се забрза постапката за царинење и да се скрати престојот на камионите на границите, преенсува Курир.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано