Водата во Скопје е безбедна за пиење

Скопската вода за пиење е безбедна

 Водата за пиење во Скопје е безбедна и со соодветен квалитет, покажуваат последните анализи на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Како што соопшти јавното претпријатие, Секторот за санитарна контрола во периодот од 28 септември до 2 октомври 2026 година земал 200 примероци за физичко-хемиска и 200 примероци за микробиолошка анализа на водата за пиење од 45 мерни места на подрачјето на главниот град.

-Според резултатите од испитувањата, сите анализирани примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење („Службен весник на РМ“, бр. 183/18) – сооштија од ЈП „Водовод и канализација.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека редовно го следат квалитетот на водата за пиење со цел навремено обезбедување на здравствено исправна и безбедна вода за граѓаните.

Повеќе од истиот автор

Најчитано