Во Лондон регистриран најтоплиот мајски ден

Во Лондон денеска е регистриран најтоплиот мајски ден во историјата, откако на аеродромот Хитроу беше измерена температура од 33,5 степени Целзиусови.

Со ова е надминат претходниот рекорд од 32,8 степени Целзиусови, што беше највисоката температура измерена во мај, пренесува Скај њуз.

Највисоката дневна температура е забележана откако во текот на претходната ноќ беше измерена и највисоката мајска ноќна температура во земјата во изминатите најмалку 79 години.

Повеќе од истиот автор

Најчитано