Изградбата на најдолгиот трансокеански мост во североисточна Кина достигна важна фаза, главниот дел од конструкцијата, долг повеќе од 11 километри, е целосно поврзан.
Мостот Чангхај Далиан, чија вкупна должина ќе биде 25,5 километри, е предвидено да биде отворен за сообраќај во 2029 година.
Поврзувањето на главниот дел од конструкцијата беше завршено по 423 дена работа, односно десет дена пред предвидениот рок. За време на изградбата, беа поставени 3.431 столб, додека досега во конструкцијата се инсталирани околу 67.000 тони челик.
Мостот ќе го премине теснецот Личангшан и ќе го поврзе островот Дачангшан во округот Чангхај со копното во пристаништето Пикоу во округот Пуландијан.
Чангхај е единствениот островски граничен округ во Кина, а неговите жители досега во голема мера зависеа од поморскиот транспорт, пренесува Бизнис.ба.
Фото Економија и бизнис








