ВО ХРВАТСКА СТАНОВИТЕ ПОСКАПЕЛЕ ЗА 8,7 ПРОЦЕНТИ, квадрат стан во Загреб е над 3.500 евра

Просечната цена по квадратен метар на нов стан продаден во Хрватска во првата половина од 2026 година изнесувала 2.994 евра, што е за 8,7 проценти повеќе во однос на првите шест месеци од минатата година и за 4,6 проценти во споредба со втората половина од 2025 година, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика на Хрватска.

Просечната цена на квадратен метар на нов стан во Загреб изнесувала 3.518 евра, што е за 18,9 проценти повеќе во однос на претходната година и за 2,6 проценти во споредба со втората половина од 2025 година. Во другите населби, квадратниот метар на нов стан во првата половина од оваа година изнесувал во просек 2.754 евра, или за 9,7 проценти повеќе во споредба со првите шест месеци од минатата година и за пет проценти во споредба со втората половина од минатата година.

Статистиката на ДЗС покажува и дека во првата половина од 2026 година во Хрватска се продадени 1.618 нови станови, од кои 530 се во Загреб и 1.088 во други населени места.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано