ВО ФУНКЦИЈА НА ЕКОНОМСКИ И НА ОПШТЕСТВЕН ПРИДОНЕС – МОЕТО БИЗНИС-ПАТУВАЊЕ ВО АФРИКА

пишува: Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија

После посетата на Азија и на Америка, едно од највпечатливите мои патувања беше Африка каде што сум бил 10-тина пати и сум имал можност да ја видам од секој агол, почнувајќи од Мароко, Казабланка, Каиро, Кејптаун. Поголемиот дел од патувањата биле службени. Поради разликите кои постојат со Европа од аспект на менталитет на народите, навиките, манирите…, токму затоа се значително поинтересни за нас.

Првото стапнување на тлото на Африка ми беше на 1 август 1987 година, во Алжир, на покана на алжирската влада да ги посетиме нашите иселеници/печалбари кои одат и работат на изградба на големи објекти. Кога човек ќе дојде на 60 степени температура, од сосема друга средина со друга клима, единственото нешто на што размислува е како да дојде до воздух, а не да прави бизнис. Но, тоа не беше пречка за успешна бизнис-соработка. Бевме супер пречекани од фирмата „Ингра“ од Загреб која беше принудно останата да ги доврши работите на изградбата на голем воен комплекс, а истовремено ги координираше и фирмите од повеќе југословенски републики кои останале да работат во Африка.
Патот ме однесе и во Јужноафриканската Република, во градот Дурбан, каде што се одржа Светскиот коморски конгрес, трет град по големина во ЈАР по Јоханесбург и Кејптаун и четврто најголемо пристаниште во светот.

Посебна прилика за дружење и за размена на искуства во рамките на коморскиот систем се светските конгреси. Таму, за првпат, одблиску видовме како фунционира коморскиот систем. Присуствуваа делегации од целиот свет, се дискутираше за вистински проблеми, за најважните економски и трговски прашања на глобално ниво. Балканските комори беа застапени на највисоко ниво. Во текот на престојот беа организирани бројни манифестации, но особено впечатлив беше сафари ловот во еден од најпознатите природни разервати на Јужна Африка. Исто така имавме чест да бидеме примени од надбискупот Дезмонд Туту, духовен водач и наследник на славниот Нелсон Мандела.

Повеќе за овој град, но и за многу други во Африка, еден ден сигурно ќе слушнеме во еден многу значаен туристички контекст, меѓу кои и за дестинациите во Алжир, во Мавританија и во други земји каде што се развива туризмот како гранка во најава и со очекување за голем девизен прилив во иднина.

Сум ги посетил и Египет, и Либија и други африкански земји затоа што имало потреба од натамошно развивање на нашите деловни односи.


Економија и бизнис, 15 март 2026г

Повеќе од истиот автор

Најчитано