Неподносливите температури полека се враќаат во Европа, само неколку недели откако смртоносен топлотен бран го погоди континентот.
Шпанската метеоролошка агенција AEMET веќе стави делови од земјата под жолто предупредување поради „значителен пораст“ на температурите, додека портокалово предупредување е издадено за североистокот поради врнежи и бури.
Метеоролозите прогнозираат дека Севиља, Сарагоса и Кордоба ќе бидат најтешко погодени, со температури што ќе достигнат речиси 40 степени до почетокот на следната недела. Се очекуваат и тропски ноќи, кога температурата во текот на 24 часа нема да падне под 20 степени, што му остава многу малку одмор на локалното население, пишува Еуроњуз.
Франција која забележа повеќе смртни случаи за време на невидениот топлотен бран минатиот месец се подготвува за прогнозирани максимални температури од 39 степени Целзиусови на југозапад и регионот Бордо.
Фото Економија и бизнис








